Семејна драма во Кумановско заврши со итна судска мерка, откако маж со месеци наводно ѝ се заканувал на својата снаа дека ќе ја убие, по што судот донел одлука веднаш да биде отстранет од семејниот дом и да му се забрани секаков контакт со жртвата. Според информациите од случајот, заканите траеле подолг период и предизвикале сериозен страв и чувство на небезбедност кај жената, по што биле активирани институциите и била поведена постапка за ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. – Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...