Хрватска има нов шампион, а тој не се вика ни Динамо, ни Хајдук. Екипата на Ријека вторпат по осамостојувањето е шампион на Хрватска, откако заради подобар меѓусебен скор во споредба со Динамо прва ја мина целта. Попладнево на „Рујевица“, екипата на македонскиот репрезентативец Јован Манев го совлада Славен Белупо со 2-0 (1-0). Манев не доби шанса, а Илија Несторовски беше заменет во 64. минута. Томи Фрик со два гола на почетокот на двете ...

Фудбалерите на Ријека ја комплетираа историската сезона со освојување на шампионската титула во Хрватска, втора во историјата на клубот. Тимот од „Рујевица“ до титулата стигна покажувајќи најголема конзистентност во трката со Динамо Загреб и Хајдук Сплит. Во Ријека настапува македонскиот репрезентативец Јован Манев, кој на последниот меч од сезоната остана на клупата за резерви. Во последното коло од шампионатот, три тима имаа реални шанси за ...