Завршуваат градежните активности на улицата Широк Дол во Штип, каде што се изведува финалната фаза на реконструкцијата – асфалтирањето на преостанатиот дел од улицата, како и површините пред станбените згради и просторот за паркирање. Иако првично не беа опфатени со проектот, овие зони се додадоа поради реалната потреба на граѓаните. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека за оваа намена се издвоени над 1,5 милиони денари, со што улицата Широк ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека улицата „15“ во населба Илинден е целосно реконструирана. Покрај асфалтирањето на улицата во должина од 270 метри, изграден е нов тротоар и систем за одведување на атмосферски води. „Не запираме тука, продолжуваме со активности со сите населени места за унапредување на животниот стандард на нашите граѓани. Жителите на општина Илинден заслужуваат квалитетна и безбедна патна ...