На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик. Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е запуштена, а дотаму се стигнува единствено со теренско возило. Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле и ја преместиле во новиот дел на Подвис, во неговиот низински дел. ...
Осумдесет и две години од првото училиште во слободна Македонија како повод за понатамошна одржливост на наставата по македонски јазик Училиштето, за кое постојат сведоштва дека го носело името на македонскиот поет Коле Неделковски, е првото што започнало со работа на слободната територија на Македонија, и покрај тоа што виорот на војната беснеел и натаму во другите неослободени делови на Македонија, под окупаторот, како и во Балканот и низ ...