Високите температури продолжуваат да го загрозуваат здравјето на граѓаните. Институтот за јавно здравје апелира на внимателност и почитување на препораките за заштита од топлотниот бран, особено во најтоплиот период од денот, од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сонце може да биде најопасна. Од ИЈЗ предупредуваат дека при екстремни горештини телото потешко ја регулира сопствената температура. Кога воздухот е премногу топол, а влажноста е ...
Топлотните бранови можат сериозно да го загрозат здравјето на домашните миленици, бидејќи животните не се ладат на ист начин како луѓето. Особено кучињата се ранливи поради ограничената можност за регулирање на телесната температура преку потење, па високите температури можат брзо да доведат до прегревање на организмот. Еден од најважните совети на ветеринарите е прошетките да се планираат во раните утрински или вечерните часови, кога ...
Сончево и многу топло време со температури до 38 степени Целзиусови ќе преовладува денеска низ Македонија. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во попладневните часови во одделни делови од земјата се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен ...

