Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабока тага по повод смртта на Неговата Светост, Папата Франциско, нарекувајќи го духовен водач кој остави неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет. „Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за ...
Илјадници католици присуствуваа на молитвата за папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан во знак на почит на поглаварот на Римокатоличката црква кој почина во понеделникот. Голем број новинари се собраа во близина на плоштадот, кампуваа да ги следат случувањата околу погребот на папата. Папата Франциско (88) почина во понеделникот рано наутро од последици на мозочен удар и срцева слабост. Последното збогување ќе се одржи во сабота на ...