Вака говореше Елена Ивановска, државен секретар во Министерство за образование и наука, на панел-дискусијата на тема „Политики кои ги охрабруваат луѓето“, во рамки на Регионалната министерска конференција за демографска отпорност. Таа истакнува дека демографските промени се во основа на оптимизацијата на училишната мрежа, што треба да обезбеди подобро и поправично користење на ресурсите, со јасна цел: квалитетна настава според стандарди, со ...

„Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од ...