Рома ја продолжи триумфалната серија во Калчо-лигата откако „волчицата“ славеше на домашен терен над Калјари со 1-0, за шести триумф во низа во Серија А. „Волчицата“ не одигра на препознатливото ниво, меѓу другото и поради напорниот двомеч со Атлетик Билбао во Лигата на Европа. Сепак, тимот на Раниери успеа да стигне до трите бода со еден погодок, дело на Довбик во второто полувреме. Украинецот имаше многу среќа по еден корнер на својот тим, ...

Артем Довбик доби јавна прозивка од Клаудио Раниери по елиминацијата на Рома во Лигата на Европа, а очигледно ова влијаеше доволно позитивно врз Украинецот, кој денеска постигна гол за победа на „волчицата“. Искусниот италијански стручњак посочи дека не е задоволен од залагањето и натпреварувачкиот дух кој го покажал Довбик на натпреварот против Атлетик Билбао, но истовремено посочи дека не се откажува од играчот кој лани беше откровение на ...