Одбојкарките на Вардар ЕМ го приредија првото големо изненадување откако во првиот четвртфинален меч со 3:0 (25:23, 25:20, 27:25) го елиминираа ланскиот полуфиналист и повеќекратен освојувач на куп-пехарот Работнички Скопје. „Вардарки“ претходно во осминафиналната рунда му земаа „мерка“ на уште еден градски ривал и лански учесник на Ф4, Фит Фан Волеј. Во напнат и неизвесен, на моменти и нервозен дуел, „црвено-црниот“ тим остана мирен во ...
Двократниот освојувач на Купот, Штип УГД до Ф4 билетот дојде со победата над Лирија од 3:0 (25:13, 25:10, 25:9) во четвртфиналното соочување пред штипската публика. Работнички 71&22 беше последниот кој го потврди своето место на завршницата откако славеше над Универзитет во Тетово исто така во три сета (25:21, 25:22, 25:23). Ден порано Струмица 47&72 и Борец обезбедија пласман на Ф4. Струмичани ја совладаа Шкендија со 3:0 (25:20, 25 ...

