Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш реши клучно прашање и доби нов тренер, стратег со македонски години кој долги години работи во Словенија. Се работи за 47-годишниот Оливер Богатинов кој низ целата своја играчка и сега тренерска кариера работи, функционира во словенечки клубови. Последниот ангажман му бил во Горица, претходно ги водел Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола. -Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој ...

Кавадаречкиот клуб го потврди Богатинов и најави високи амбиции за следната сезона. „Со големо задоволство му посакуваме Добредојде на Оливер Богатинов во ГФК Тиквеш 1930. Постигнавме договор за двегодишна соработка со тренер чие искуство, професионален пристап и кариера изградена во високо конкурентни фудбалски средини претставуваат значајно засилување за нашиот клуб. Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој целосно се ...