Шест активни пожари беснеат низ Македонија. Најкритично е на планината Готен, но околните села не се загрозени, вели првиот човек на ДЗС. Од рано утрово дејствува еден полициски хеликоптер, ангажирани се повеќе од 150 луѓе. „Најтешкиот најспецифичен е пожарот кој со денови се одвива на планината Готен, на тромеѓието помеѓу општините Василево, Берово и Радовиш. Овој пожар создава одредена вознемиреност помеѓу населението, но категорично тврдам ...
Пожарникари, припадници на полицијата и Армијата грчевито се борат со огнените стихии низ Македонија – за само 24 часа имало 51 пожар на отворено. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека во моментов, на територијата на целата држава се евидентирани 15 пожари – од нив, девет се активни, а шест под контрола. Како раководител на главниот штаб за управување со кризи, Ангелов смирува – државата има контрола над ...
Синоќа 24/25.07.2025 во СВР Скопје З.Н. од Скопје пријави дека додека се движел на патеката кон Средно Водно во Скопје забележал дрвен отпад од мебел собран на едно место, подготвен за потпалување. Веднаш кон местото се упатени полициски службеници од ПС Центар, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со ...