Нов пожар во источна Македонија од рано утринава. Гори висока сува трева и нискостеблести растенија на планината Плачковица, кај селото Јонузлија во Општина Карбинци. Теренот е непристапен за силите од копно, а на овој пожар од утринава од воздух дејствува хеликоптер. За овој пожар на планината Плачковица веќе има сомнежи дека е подметнат. Забележан е утринава меѓу 5 и 6 часот. Институциите веќе истражуваат со дронови за да го пронајдат ...
Состојбата со пожарот на планината Готен на беровската страна е критична, неповолна и зафаќа нови површини, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. „Заштитниот појас, кој претходно беше направен од општествено одговорната компанија „Би груп“ е пробиен. Побарана е поддршка и од повисоко ниво. Така да цениме дека во текот на денот, таа поддршка да делува и да влијае на скоро локализирање на истиот. Но, состојбата ...
Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Во текот на денешниот ден два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи Бел 412 и Агуста Бел 212 активно дејствуваа во гасењето на на пожарот на планината Плачковица и пожарот во струмичко при што беа фрлени повеќе од 30 тони вода. Од МВР најавуваат дена и во нередните денови продолжуваат активностите на полициските хеликоптери, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава. вј/ Фото: МИА ...