Екипата на Вардар продолжи да обновува договори за следната сезона и следен кој постигна договор со управата на клубот е Горан Закариќ. Десетката на црвено-црните беше убедливо најдобриот играч во пролетниот дел од сезоната под водство на Гоце Седлоски и очекувано раководството не остави ништо на случајноста. Закариќ доби нов договор од клубот и за следната сезона. Плејмејкерот ја имаше една од најдобрите сезони во кариерата и на 30 натпревари ...
Вардар денеска заврши фантастична работа со потписот на Филип Талески за наредната сезона, а „црвено-црните“ попладнево најавија уште една значајна работа во формирањето на ростерот. Вуко Борозан ќе продолжи да ги брани боите на двократниот европски првак откако двете страни имаа успешни преговори и се на чекор до потпис на нов договор. „ Нашите напори да имаме уште посилен тим се исплатеа бидејќи донесовме квалитетни играчи, и ги задржавме оние ...