Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма. Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и ...
Бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска се членови на жири комисијата на 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Овогодинешното фестивалско издание ќе се одржи во традиционалниот термин од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола. Ефимија Павлова е бугарска актерка и режисерка која е актуелен директор на Државниот куклен театар во Сливен, ...