Откако пристигна на iOS порано оваа година, бета-апликацијата на Adobe за Photoshop сега е достапна и за корисниците на Android бесплатно преку Google Play. Photoshop бара уред со Android 11 или понова верзија на софтверот, како и најмалку 6 GB RAM, иако Adobe препорачува 8 GB за оптимални перформанси. Корисниците на апликацијата ќе можат да ги користат сите функции достапни и во десктоп верзијата – од „играње“ со слоеви и маски, до отстранување ...
Photoshop е синоним за уредување слики - апликацијата е стандард во индустријата повеќе од 30 години. Иако отсекогаш била достапна на компјутери, оние што користат телефони мораа до неоадамна да се снаоѓаат поинаку. Во февруари, Adobe официјално го направи Photoshop достапен за iPhone. Малку повеќе од три месеци подоцна, сега ја објави апликацијата во бета верзија и за Android, така што официјално можете да ја преземете за обете платформи. Одете ...