Здружението АРНО свечено го отвори првиот Центар за поправки во Скопје – „Ништо Ново“, лоциран во општина Кисела Вода. Ова е прв ваков простор во градот каде граѓаните ќе можат самите да прават поправки, да учат нови вештини, да се разменуваат со предмети кои не им се потребни, да изнајмат алат и да дадат поддршка на зеленото социјално претприемништво. Центарот е иницијатива на АРНО, финансиран преку ЕУ проектот ЕИЦЕЕ, во соработка со општина ...
За Ирина Јаневска и тимот на „АРНО“, идејата за Центар за поправки започна пред осум години, кога за прв пат го виделе „Риперај“ во Ријека. Веднаш знаеле дека и Скопје заслужува вакво место. По години упорност и многу предизвици – конечно пред некој ден го отворија „Ништо ново“. „‘Ништо ново’ не е само име, туку филозофија: да не фрламе, да поправаме, да придонесеме кон помалку отпад, зошто токму превенцијата на отпад е клучна во циркуларната ...