Започнаа градежните активности на терен за асфалтирање на крак кој ќе ја поврзе населбата Суитлак преку Струмина Чешма со село Љуботен. Во прва фаза со еден милион денари пари издвоени од Буџетот на Општина Штип, ќе се работи на асфалтирање на улицата на која се наоѓаат неколку викенд куќи. „Во прва фаза наредните неколку денови ќе се работи на еден крак, асфалтирање на еден крак кој води до Струмина чешма, викенд населбата Суитлак. ...

Штип, 2 јуни 2025 (МИА) – Почнаа подготвителни активности за изградба на улица низ населбата Суитлак, која ќе ги поврзе домаќинствата со село Љуботен преку месноста Струмина Чешма, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. До пред неколку години овој дел од градот беше викенд зона, но со изградбата на браната на река Отиња има експанзија на изградби на куќи за домување, а жителите немаат изградена ...