Основниот кривичен суд Скопје му изрече условна казна на полицискиот службеник Р. Р., кој беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, откако го прогласи за виновен за извршено семејно насилство врз сопругата. Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, откако на последното рочиште обвинетиот признал вина, во вторникот му е изречена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во ...

Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство. Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не е чудо што Македонија е меѓу ...