Во сабота наутро за кога е планиран погребот на папата Франциск, се очекува да присутвуваат повеќе од 200.000 лица, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на префектурата Рим на седницаа со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во рим се очекува да пристигнат преку 100 странски делегации. Како што е најавено, во Рим ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, а најавено е присуство и на ...
Утре на погребот на папата Франциск, од македонските функционери ќе присуствува единствено претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со членови на нејзиниот Кабинет. Погребната миса ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан. По негова желба, папата Франциск ќе биде погребен во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, Италија. На погребот е најавено присуство на над 50 светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски ...
Поранешниот претседател Џо Бајден треба да присуствува на погребот на папата Франциск во сабота во Ватикан, според повеќе извори запознаени со неговите планови, објави Си-Би-Ес њуз. Бајден одржуваше блиски работни и лични односи со папата Франциск уште од посетата на покојниот папа на САД во 2015 година. „Иако конечните детали сè уште не се утврдени, Бајден има намера да присуствува“, велат изворите. Папата Франциск го започна својот понтификат ...