Реал Мадрид неубедливо започна на Светското клупско првенство откако одигра 1:1 во дуелот против Ал Хилал од Саудиска Арабија. Кралскиот клуб водеше со 1:0, но потоа прими гол од пенал. Европскиот гигант повторно имаше шанса да стигне до триумф, но Валверде промаши пенал во 90+2 минута, па резултатот остана нерешен. По мечот, голманот на Реал, Тибо Куртоа коментираше дека промената на тренерот и стилот на игра на Чаби Алонсо се сосема поинакви ...
Екипите на Реал Мадрид и Ал-Хилал одиграа 1-1 на „Хард Рок Стадион“ во Мајами, во натпревар што донесе многу возбуда и два деби настапи на клупите на двата тима. Препорачано Иако „кралевите“ важеа за изразити фаворити, тимот од Саудиска Арабија предводен од Симоне Инзаги им пркосеше храбро и дисциплинирано, па по првиот меч може да биде позадоволниот од двајцата дебитанти на клупите, неговиот тим успеа да извлече бод против европскиот гигант. ...