МЗТ Скопје ја започна новата сезона на начинот на кој ја заврши старата радувајќи се на трофеј. Овој пат избраниците на Васко Атанасов се намачија да слават во Суперкуп финалето против Кожув, но на крилја на неверојатниот Војдан Стојановски успеаја да се закитат со осмиот трофеј во натпреварувањето кое означува нов почеток на возбудувањата. За МЗТ Скопје кој во своите витрини има и 12 титули од домашното првенство и 13 титули во Купот на ...
МЗТ Скопје се радуваше на нов трофеј во својата историја откако во финалето на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ славеше над Кожув во драматична завршница во која херој на аеродромци беше Војдан Стојановски погодувајќи шут за три поени од „невозможна“ позиција на 30 секунди пред крајот на средбата. Тренерот Васко Атанасов не го криеше задоволството од новиот успех наговестувајќи борба за одбрана на сите трофеи во првенството. „Видовме доста ...