Вечерва не сме собрани овде само да одбележиме еден јубилеј. Не сме собрани само да прославиме 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија. Вечерва сме собрани да покажеме дека Македонија повторно има енергија. Повторно има надеж, повторно има визија, повторно ...
Нека запомнат сите, народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен. А кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да се иссонува, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. Нека се слушне силно од Струмица, од Беласица до Шар Планина, од Охрид до Делчево, од Гевгелија до Куманово! Една татковина! Една ...

