Ете, драги граѓани, откако со судна мака напредувавме еден сантиметар кон ослободување на државните институции од канџите на “Охрид Трчат”, сега истите тие институции гордо се претворија во новиот Сизиф – со камен на грбот се борат да опстане ова специјално “здружение на искусни тркачи”. Ни објаснуваат дека од 30 МАЈ до 1 ЈУНИ половина Охрид ќе биде блокиран! Велат: спортска манифестација! Патриотизам! Здравје! А ние наивните си помисливме дека ...

По цел месец „нечкање”, најпосле го дочекавме продолжението на институционалната сапунска опера наречена „Контрола на Охрид Трчат”. Даночните инспектори од УЈП-Битола одеднаш станаа најзафатени луѓе во државата – немаа време за контрола на сомнително здружение, како што немаме време да ја платиме струјата на време. А изговорот е класичен бирократски бисер: „премногу сме зафатени”. Но, зафатени со што точно? Можеби со контрола на малиот локален ...