Уште девет држави се приклучија во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството за правда на САД. Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија. Владата поднесе тужба во јануари со осум сојузни држави (Калифорнија, ...

Италијанската финансиска полиција извршила претрес во објектите на производителот на луксузни стоки „Гучи“ како дел од истрагата на Европската комисија во неколку земји за можни прекршувања на прописите за пазарна конкуренција, потврди компанијата. Претресени се објектите на „Гучи“ во кои се произведуваат патни чанти, чанти и други кожни производи, потврдија од компанијата за Ројтерс. ЕК објави дека регулаторите извршиле претрес во просториите ...