Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии и нивните уписи, по решение на ДПИ, се поништени и им е прекинато студирањето. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осумина, за кои нема решение дали дипломите ќе им бидат важечки. Јаневска рече дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ), чиј извештај го добила доцна вчера, утврдил каде се пропустите и според тоа ги донел и одлуките како треба да се ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека Министерството ќе донесе конечна одлука за случајот со незаконски уписи на втор и трет циклус студии во понеделник, по разгледување на извештајот од Државен просветен инспекторат. Таа истакна дека институциите немаат избор и мора да постапуваат согласно закон, иако го разбира незадоволството кај студентите. „Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и на ...

