Денеска во Тетово напладне се случи престрелка помеѓу две лица кои еден на друг пукале од огнено оружје од возила во движење. Притоа двете возила се судриле по што учесниците заминале во два обратни правци. Малку подоцна пронајдено е возилото на еден од учесниците во кое било телото на едното лице кое учествувало во престрелката. Од тетовската болница пак пријавиле дека се донесени две лица со прострелни рани, а во престрелката повредени се и ...

Крвава бркотница во Тетово се случи денеска околу 12:30 часот, а во возило кое учествувало во вооружена престрелка е пронајден застрелан и убиен маж. Повредени се четири луѓе, меѓу нив и девојче кое било во близина на местото на престрелката и е погодено со заскитан куршум. Тројца мажи, од кои двајца со прострелни рани, се префрлени на скопските клиники. Третиот, 60-годишник, бил прегазен со автомобил со кој бегале учесниците во престрелката. ...

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со нови детали за вооружената пресметка што го потресе Тетово. Според официјалните информации, инцидентот се случил околу 12:30 часот на крстосницата меѓу улиците Илинденска и Благоја Тоска, кога дошло до пукање помеѓу лица од две возила. За време на пресметката се случила и сообраќајна незгода, по што двете возила го напуштиле местото, едното кон улица 113, а другото во непознат правец. Од ...