Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 25% за увоз на челик и алуминиум во САД за сите земји. Тие ќе бидат објавени на почетокот на оваа недела. Најпогодени од новите царини ќе бидат Канада, Бразил и Мексико, кои се најголемите снабдувачи на САД со челик и алуминиум. Од Европската унија (ЕУ) најавија контрамерки доколку САД воведат дополнителни царини за стоки од ЕУ. Пред извесно време повисоки царини за ЕУ најави самиот Трамп. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, и покрај предупредувањата од Европа и Кина. „Утврдив дека увозот на челични производи од овие земји се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, рече Трамп во извршната наредба. Тој издаде посебна наредба за увоз на алуминиум. зш/ ...