Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија. Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните ...

Министерството за внатрешни работи не открива нови детали за убиството кое во петокот среде бел ден се случи во близина на Бит Пазар, а во кое загина едно лице. Полицијата се уште трага по напаѓачите кои го усмртија 31-годишниот Алајдин Сулејмани, а ниту три дена подоцна истражните органи не го откриваат идентитетот на сторителите, ниту пак информацијата за тоа дали истите се пронајдени. За причината за убиството, исто така нема официјални ...