Фудбалската репрезентација на Македонија одигра прв дел според планот и има предност (0-1) на гостувањето кај Казахстан во Астана во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година. Првиот дел беше динамичен и со шанси на двете страни, но шансата си ја искористи Македонија и заслужено има позитива на паузата. Селекторот Милевски кој не можеше да го води националниот тим заради суспензија се реши за три замени во однос на мечот ...

Победата на Стефан Мицов над Андреи Горбан беше добра увертира за Македонија во клучната пресметка со Дејвис Куп селекцијата на Молдавија, но за жал, вториот меч донесе пораз кој гарантира одлучувачки меч во игра на двојки. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски загуби од Илија Снитари на центарлниот терен во тенискиот клуб „Југ“, па сега решавачки ќе биде дубл мечот кој следи. Ивановски лошо го отвори мечот и веднаш му дозволи на противникот ...

Македонската фудбалска репрезентација дојде до многу важна победа над Казахстан во Астана од 0:1, во квалификацискиот меч за пласман на СП 2026. Александар Трајковски со прекрасен гол со волеј во 33 минута од мечот ги донесе трите бода. Во вториот дел од мечот Казахстанците сериозно се закануваа кон голот на Столе Димитриевски, во три наврати ја погодија рамката од гол, но среќата беше на страна на „рисовите“. Сега Македонија е на првото место ...