• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра прв дел според планот и има предност (0-1) на гостувањето кај Казахстан во Астана во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година. Првиот дел беше динамичен и со шанси на двете страни, но шансата си ја искористи Македонија и заслужено има позитива на паузата.
Селекторот Милевски кој не можеше да го води националниот тим заради суспензија се реши за три замени во однос на мечот со Белгија. Во составот беа дебитантот Деспотовски во одбраната, а во офанзивниот дел се најдоа Дарко Чулинов и Александар Трајковски. И двете селекции играа активен фудбал на стартот, имаа иницијатива, но немаше сериозни опасности, освен во два наврати кога голманот Сеисен беше ставен на тест од Елмас од далечина и Чурлинов откосо.
Првата шанса Казахстанците ја имаа во 15-тата минута, кога откосо биеше Кенжебек, но ја погоди стативата од голот на Димитриевски. Во следните минути се играше активно и на двете половини, но без шанси за гол. Темпото на игра потоа малку падна, имаше доста прекини и аути на средината на теренот. Возбудувањата се вратија во триесеттата минута, кога домаќинот имаше зицер. На еден центаршут налета Максим Самородов, но со лизгачкиот старт шутираше само во рацете на Столе Димитриевски. По проуштеното, Македонија дојде до погодок во 33. минута, кој беше дело на Александар Трајковски кој со одличен шут од левата страна биеше по земја во мрежата на Сеисен.
Во 38. минута домашните бараа пенал, се прегледуваше и ВАР-снимката, но не го добија. До финишот на првото полувреме Македонија одигра според планот, не дозволи сериозни прилики на ривалот пред голот и заслужено на пауза оди со 0-1.