Боливија секогаш е незгоден домаќин како селекција која своите натпревари ги игра на надморска височина од над 4000 метри, а сега оваа репрезентација е на чекор од историски успех каков што не се памети повеќе од 30 години. Боливијците го победија големиот Бразил во Ел Алто со резултат 1:0 и профитираа од поразот кој го претрпе Венецуела на домашен терен од Колумбија со 3:6, па сега тие се оние кои обезбедија бараж место за Светското првенство ...
Во последното коло од квалификациите за СП 2026, Боливија славеше над Бразил со 1:0 и се искачи на седмото место кое води во бараж. Стрелец на победничкиот гол беше Мигелито од пенал во финишот на првото полувреме. Венецуела потона на домашен терен, загуби од Колумбија со 3:6, иако двапати водеше. Херој на мечот беше Луис Суарез со четири гола, кои целосно ги уништија надежите на домаќинот. Луис Суарез, кој летово се засили во редовите на ...