Формалната одлука ќе биде донесена на следниот состанок на министрите на ЕУ. - Додека Русија продолжува да ги тероризира украинските цивили со неселективни воздушни напади, ЕУ продолжува да покажува солидарност со украинскиот народ. Ќе продолжиме да им обезбедуваме заштита на милиони украински бегалци уште една година, изјави полскиот министер за внатрешни работи Томаш Сиемонијак, кој претседава со министерскиот состанок во Луксембург. ...
Луксембург, 13 јуни 2025 (МИА) - Советот на Европската Унија изрази едногласна поддршка за предлогот за продолжување на привремената заштита за украинските бегалци до 4 март 2027 година, соопштија денеска од Брисел. Формалната одлука ќе биде донесена на следниот состанок на министрите на ЕУ. - Додека Русија продолжува да ги тероризира украинските цивили со неселективни воздушни напади, ЕУ продолжува да покажува солидарност со украинскиот народ. ...