Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција ги презентираше податоците за текот на изборниот ден на вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека процесот се одвивал мирно и без сериозни инциденти. Тој посочи дека, иако имало неколку пријавени настани, ситуацијата била под контрола на институциите и МВР. „Изборниот ден мина без сериозни инциденти. Ова е уште една потврда дека граѓаните, институциите и ...
Вториот круг од локалните избори во земјава денеска помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во МВР поврзана со изборниот процес. Изборниот ден, тој нагласи дека поминал со високо ниво на одговорност од страна на сите институции, полицијата и граѓаните, што според него, придонесло ...

