Во воведот на темата, како што информираат од собраниската прес-служба, било нагласено дека проширувањето на ЕУ е и стратешка неопходност и политичка цел, која бара од земјите кандидати да исполнат строги стандарди за да обезбедат стабилност, демократија и кредибилитет. Исто така, било потенцирано дека иако проширувањето на членството го зајакнува влијанието на ЕУ, тоа исто така го комплицира донесувањето одлуки правејќи ги постепената ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обратил на првиот ден на конференцијата на спикери на парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која денеска и утре се одржува во Копенхаген, на темата „Европа во променливиот светски поредок: безбедност, проширување и улогата на парламентарната соработка“. Во воведот на темата, како што информираат од собраниската прес-служба, било нагласено дека проширувањето на ЕУ е и ...