Изборниот законик нема да биде донесен до јуни, најави премиерот. Тој е вториот од двата реформски закони кои нема да бидат испорачани до крајниот рок. Работата на Изборниот законик се заглави откако беше укината техничката влада, а претставниците од СДСМ, во знак на револт ја напуштија работната група во Министерството за правда која работеше на изборните реформи. Не можеме да го исполниме условот да се донесе нов Изборен законик, затоа што ...
До крајот на јуни ќе бидат испорачани сите заостанати делови од реформската агенда, освен два, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско пршање како ќе одговори на обвинувањата на опозицијата дека заостануваат со исполнување на реформската агенда. Тој објасни дека десете точки од реформската агенда кои треба да ги исполнат до крајот на јуни ќе бидат испорачани, освен носењето на Изборниот законик, и барањето државата ...

