Во текот на изминатите 24 часа на територијата на државата биле регистрирани 26 пожари на отворен простор, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните податоци, во моментов нема активни пожари. Пожарникарите успеале целосно да локализираат и да изгаснат 25 пожари. Под контрола е ставен еден пожар, во Крива Паланка каде гори депонијата за комунален отпад која се наоѓа во непосредна близина на општината. ...
На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак ...

