Компанијата OnePlus најави дека ѝ се приклучува на сѐ поприсутниот тренд на воведување вештачка интелигенција. Иако претходно се зборуваше за неколку AI функции, сега е најавен многу поширок пакет функционалности и хардверска интеграција под новиот бренд OnePlus AI. Новите функции ќе дебитираат на претстојниот смартфон OnePlus 13s, кој ќе има специјално копче на страната наречено Plus Key. Ова копче го заменува култниот Alert слајдер на OnePlus ...

OnePlus го претстави AI Plus Mind, алатка што паметно ги снима и организира информациите од екранот со само едно копче, отворајќи ново поглавје во личната продуктивност на паметните телефони. Во време кога сите големи производители на мобилни телефони интегрираат вештачка интелигенција во своите уреди, OnePlus претстави едно од најпрактичните AI решенија досега – AI Plus Mind. Оваа функција им овозможува на корисниците со едно притискање на ...