Последните минути од натпреварот од 28. коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу Кожуф и Башкими станаа најгледани на нашата фудбалска сцена во текот на денот, а веројатно ќе се вртат уште недели и недели. А причината не е ефектен гол или мајсторски потег, туку неверојатна пасивност на одбраната на гевгеличани во последните минути. Гледачите на стадионот, фановите на социјалните мрежи веднаш апострофираа, а федерацијата и Министерството за ...

Башкими даде гол за победа против Кожуф во судиското продолжение, но останаа сомнежите дали фудбалерите од одбраната на Кожуф не беа само гледачи во клучните моменти. Голманот, секако, не се ни потруди да реагира. Триумфот на Башкими од 1-2 во Гевгелија предизвика многу бура, ФФМ најави истрага за случувањата на мечот, а министерот за спорт, Борко Ристовски, и можно одземање на лиценците за дејност спорт за двете екипи ако се докаже дека имало ...