Англискиот шампион Ливерпул потешко од очекуваното успеа да го победи Саутемптон со 2:1 и да се пласира во 4. коло на Лига Купот на Англија. Во меч во кој „црвените“ тргнаа со комбиниран состав, ѕвезда на првото полувреме беше најскапото засилување на Ливерпул, Александер Исак, кој со својот гол-првенец му донесе водство на Ливерпул од 1:0. Гостите во второто полувреме искористија една грешка на домашните и со голот на Чарлс во 76. минута ...
Александер Исак го постигна првиот гол во дресот на Ливерпул и тоа во победата над Саутемптон во англискиот Лига Куп. Слот ги измеша картите, „црвените“ не блескаа, ама одново пронајдоа начин да дојдат до целта како што тоа постојано го прават во досегашниот тек на сезонава. Погодокот на Исак дојде во 43 минута, водство кое беше активно до 76 кога Чарлс израмни на 1-1. Домаќините одново тргнаа во напад и преку двоецот Киезе-Екитике реализираа за ...