Американската тенисерка Аманда Анисимова се пласираше во полуфиналето на Вимблдон во Лондон, откако ја победи 50-тата светска тенисерка Анастасија Павличенкова од Русија по два сета со 6-1 и 7-6. Анисимова, која е рангирана на 12. место на ВТА, победи по еден час и 39 минути игра и се пласираше меѓу четирите најдобри во Лондон за првпат во кариерата. Таа го започна мечот одлично, правејќи три брејка во првиот сет за да поведе со 1-0 во сетови. ...
Актуелниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз избори полуфинале откако денеска го совлада Британецот Камерон Нори со 3:0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3). Ова беше воедно 19-та победа во низа за Алкараз на Вимблдон, кој е двократен победник на овој турнир во последните две години. Британецот Нори во денешното четвртфинале немаше шанси против вториот тенисер на светот, но сепак оствари многу добар пласман со настапот во завршницата на ...