Прилепскиот клуб со големи проблеми ја почна новата сезона, во последен момент скрпи тим за настап во Втората лига, но тешко се освојуваат бодови кои треба да донесат опстанок. По дебаклот против Скопје од 8-1, Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка, таа утринава беше потврдена од ФК Победа. „ФК победа искажува искрена благодарност до тренерот Стојанче Дунимаглоски за неговата посветеност, професионалност и придонес во изминатиот период. Со ...
Филип Мирчески е назначен за нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп. По заминувањето на Стојанче Дунимаглоски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски, прилепчани реагираа веднаш и го поставија 36-годишниот Мирчески за нов тренер на првиот тим. Мирчески е некогашен капитен на Победа и 11 Октомври, прогласуван двапати за спортист на Прилеп, подоцна тренер во младинската екипа на Победа со која стана шампион на Македонија во сезоната 2021/22, ...