„Дојче банка“ ги намали прогнозите за цената на златото за дури 22 отсто, бидејќи инвеститорите стануваат повнимателни кон изгледите за монетарната политика во САД, а инвестициската побарувачка за благородниот метал слабее. Банката сега очекува златото во третиот квартал да достигне 4.300 долари за унца, што е за повеќе од една петтина под претходната прогноза, а во последниот квартал од годината 4.800 долари за унца, што претставува ...

Златото падна под 4.000 долари за унца за првпат од ноември, бидејќи изгледите за повисоки каматни стапки и зајакнатиот долар го прекинаа трите години долг „биковски“ пазар за благородниот метал. Цената се намали за 3,7 отсто и падна под 3.970 долари за унца пред делумно да ги надомести загубите во утринската трговија во САД. Индексот на доларот доби речиси 1 отсто оваа недела, што ја прави цената на златото во долари поскапа за купувачите ...