Екипата на Баскет кам е првиот финалист во плеј-офот во женска сениорска конкуренција. И во вториот натпревар од полуфиналето екипата од Македонска Каменица беше подобра од својот ривал, МЗТ Скопје Аеродром. До втората и решавачка победа во серијата избраничките на Жаклина Стојановска стигнаа со убедлив триумф, на гостински терен (77-60), доволен да ја затворат серијата и да обезбедат уште еден настап во големото финале во кој ќе ја бранат ...

Кошаркарите на Уникаха го совладаа Галатасарај во финалето на Лигата на шампионите на ФИБА со 83-67 и со тоа тимот од Малага го повтори успехот од лани. Победничката серија на Андалузијците започна лани во белградската арена со победата на фајналфорот во Лигата на шампионите, потоа го освоија Интерконтиненталниот куп, шпанскиот Суперкуп, Купот на кралот и сега во Атина уште една круна во Лигата на шампионите на ФИБА. Кај Уникаха предводник беше ...

Екипата на KK Крива Паланка со мајсторка во финалето на најсилната македонска женска кошаркарска лига, оствари историски успех откако вечерва по вторпат го победи Бадел (80-55) и со 2-1 ја заврши полуфиналната серија. Домаќинките ја оправдаа фаворитската улога и против Баскет Кам ќе се борат за шампионската титула, воедно и за првиот трофеј во историјата на клубот. Тоа е круна на одличната работа на најмладиот тренер на прв тим во македонската ...