Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Крива Паланка, 10 во Штип, 8 во Скопје - Петровец, 7 во Демир Капија, 6 литри во Берово, 5 во Струмица, 4 во Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, 3 литри на квадратен метар воден талог се измерени во Тетово, Охрид, Куманово и ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм поради најавени нестабилни временски услови што ќе ја зафатат земјата во текот на денот и ноќта. Според најавите, се очекуваат локално поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град. Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во сообраќај, како ...