Светот мора да се подготви за претстојното враќање на Ел Нињо и екстремните временски промени што ги носи со себе, предупредија од Обединетите нации, објави „Гардијан“. Според Светската метеоролошка организација (СМО), Ел Нињо претставува периодично затоплување на површинските води во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, кое обично трае меѓу девет и 12 месеци. Организацијата наведува дека актуелните океански услови веќе укажуваат на ...

Постои 80 проценти веројатност климатскиот феномен Ел Нињо да се развие помеѓу јуни и август, зголемувајќи го ризикот од екстремни временски настани, предупреди Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (WMO) во среда. „Поддржани од невообичаено топлите океански води во тропскиот Пацифик, условите на Ел Нињо се развиваат и ќе имаат влијание врз глобалната температура и моделите на врнежи“, соопшти организацијата со седиште во ...