Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон. Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 ...

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) – „Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21 издание на Виз ер скопски маратон. Ивановски го повтори успехот на Скопскиот маратон од 2021 година, а до својата втората победа низ улиците на Скопје дојде со фуриозен финиш во завршните два километри во кои го презеде водството од Кениецот Џулиус Кипкоеч, минувајќи прв низ ...