Весна Мојсова-Чепишевска е родена на 10 април 1967 година во Скопје. Tаа е ќерка на Љубица Мојсова (1945), родена Ивановска и на Сократ Мојсов (1942), познатиот фудбалер и е еден од неколкуте легенди на ФК Вардар. Од својата десетта па сè до својата осумнаесетта година, таа е член на Детското драмско студио при Македонската радио-телевизија. Уште додека студира на Филолошкиот факултет во Скопје, работи како презентер и водител во истата ...

Даница Георгиевска е родена на 13 април 1967 година. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1989 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1998 година. Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Георгиевска учествувала во културно-образовни емисии на МРТ, телевизиски реклами, снимање на лектирни изданија за деца со ...