„Попусто попусти“. „Бојкот на маркетите в петок“. „Никој да не купува“. Сè погласни се повиците на социјалните мрежи за најавениот бојкот, за да се изврши притисок врз трговците поради енормно високите цени. Се појавија и летоци. „Ќе бојкотирам. Секако дека сè ќе поддржам“, вели граѓанин. Од големите маркети велат дека ги разбираат граѓаните. Најавуваат промоции од следната недела. Премиерот Мицкоски откри дека се почнати вонредни контроли во ...

По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се случи во Хрватска, а такви акции се најавени и во Босна и Херцеговина и Црна Гора, надлежните институции најавуваат ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен. По вчерашната средба во Владата со Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција, ...

Јавниот повик за бојкот на маркетите утре (петок) го поддржаа организации, политички партии, функционери. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија, кои исто така дадоа поддршка предлагаат Владата да преземе подолгорочни мерки за да се заштити стандардот на граѓаните. – Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните ...