Мислам дека секако сега со нов селектор влегуваме со некоја нова енергија, нова визија. Мислам дека ќе се подготвиме добро за овој натпревар, сите знаеме колку е важен. Вчера кога дојдов тука видов добра енергија на тренингот, добро одработевме и мислам дека ако вака продолжиме ќе бидеме максимално подготвени за предизвикот. Треба да имаме максимален фокус, концентрација бидејќи ќе биде тешко. Можеби Данска ќе биде фаворит на хартија, ама ние ...

Македонската фудбалска репрезентација втор ден во Скопје се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот. Трајковски, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може да донесе ...