Реконструкцијата на терените за мали спортови што започна пред две седмици се ближи кон самиот крај, и трите терени лоцирани во кругот на Правниот факултет во Кичево наскоро ќе блеснат со нов сјај. Овој проект финансиски го поддржа Министерството за Спорт а изведувач е компанија од Скопје, која досега изградила и реконструирала голем број на терени за мали спортови низ државава. -Во наредните неколку дена целосно ќе ја завршиме реконструкцијата ...

Откако претходно целосно беше реконструирана спортската сала „Јанчица“, започна целосната реконструкција на спортските терени кај Правниот факултет – Кичево, кои пред повеќе децении беа изградени од страна на тогашната ЈНА, за потоа да бидат препуштени на забот на времето, а во последниве неколку години да се претворат во простор за паркирање возила на лицата што престојуваат во блиските локали или на факултетот. Средствата за оваа намена ги ...